ММС

Објавено на: 02/24/21 4:02 PM

(ВИДЕО) Зоолошката градина некогаш и сега

Зоолошката градина во Скопје за прв пат е отворена во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман. Метоположбата на Зоолошката која била иста на онаа која денеска се наоѓаат модерните живеалишта на жителите од Зоолошката, и опфаќала површина од 4 хектари. Во тој период Золошката можела да се пофали со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.

Со решение на Градското собрание во 1965 година, само две години од возобновеното Скопје по страотниот земјотрес во 1963 година и со донесување на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решени, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед.

Во продолжение погледнете го видео прилогот направен во 1977 година  и погледнете како изгледала Зоолошката  градина пред многу години.

Денеска сликата е сосема поинаква, помодерна и урбана Зоолошка градина која е сместена на површина од 12 хектари и располага со 495 животни од 96 видов, цицачи, птици и влекачи. Зоолошката во својот состав располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.

Погледнете како Зоолошката градина изгледа од денешна гледна точка.

Видео преземено од Зоолошка градина Скопје

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.