ММС

Објавено на: 02/24/21 2:57 PM

АМС ќе прави контрола на спортските терени и игралишта по општините оти голем дел не биле функционални  

Агенцијата за млади и спорт ќе прави ревизија на изградените спортски терени во поглед на функционалноста, со кои во моментов стопанисуваат општините. Контролите ќе се прават бидејки дел од терените воопшто не се користат, а дел пак, се запуштени и обраснати со треви. Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски призна дека досега немат направено обиколка во каква функција се терените но најави дека од општините ќе се бара поголема одговорност,  пренамена на терените ако не се користат и да се најде модел на одржување.

Според Мојсовски, само  десетина проценти од повеќенаменските игралишта во земјава градени по руралните средини се функционални. Останатите претежно се во очајна состојба. Тој кажа дека како Агенција ќе продолжат да ја подобруваат спротската инфраструктура , за годинава најави баскет терени и базени.

Деновиве во Струмица беше предадена во употреба спортската сала при ООУ Никола Вапцаров која ќе биде во функција на учениците и спортските клубови од регионот. Средствата беа обезбедени од државата и општината за овој објект со корисна површина од 1300 квадранти метри.

В. Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.