ММС

Објавено на: 02/24/21 2:34 PM

Помош од државата бараат градинарите, кои тврдат дека се погодени од кризата

Освен тутунарите, Владата во пакетот антикризни мерки за заштита од економската криза треба  да ги вметне и градинарите, овоштарите лозарите. И тие трпат штети од пандемијата предизвикана од вирусот ковид 19. Вака вели Драги Памуков, земјоделец од задругата Веге Фреш од Куклиш. Според него, на градинарите финансиска инекција им е потребна бидејки веќе го спремаат новиот производствен циклус за кој пак значлително се зголемени цените на репроматријалите.

Памуков и со конкретен предлог до институциите како да им се помогне не само на градинарите туку и на останатите. Предлага до мај поврат на средства по основ на купени репроматријали со доставени фискални смекти. На тој начин контрола врз земјоделските аптеки, а земјоделците ќе добијат некаква помош

Со зголемувањето на цените на нафтените деривати последниве две недели, дел од вештачките ѓубрива и препарати низ земјоделските аптеки скокнаа, а поради пандемијата со ковид-19 на глобално ниво  земјоделците во неизвесност  како ќе тече пласманот и извозот на зеленчук.

 

В. Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.