ММС

Објавено на: 02/24/21 3:23 PM

Сите скандали на Жерар Депардје: Удрил репортер, уринирал во шише во авион

Францускиот актерски великан во вторникот е обвинет за силување, а тој сето тоа го негирал. Во кариерата се стекнал со епитетот „магнет за проблеми“, што потврдија и следниве примери.

Жерар Депардје е еден од најдобрите француски актери, но секогаш бил и магнет за скандали. Во вторникот се појави информацијата дека Депардје е обвинет за силување на млада актерка пред две години. Иако далеку најсериозно, ова не е прво злосторство за францускиот актер.

Депардје во 1991 година остана без Оскар за улогата „Cyrano de Bergerac“ после скандалот кој го предизвика неговото интервју за магазинот “Тајм“ во кое тврдел дека во текот на сиромашното и тешко детство неколку пати бил сведок на силување. „Зборувам многу глупости“, рекол подоцна, обидувајќи да се поправи. Грешката во преводот на еден од неговите цитати не помогнала, бидејќи сугерирала дека тој е вмешан во едно од силувањата. Иако се обиделе да го одбранат, оскарот на крај отишол во рацете на Џереми Ајронс.

Во 2005 година удрил репортер кој во Фиренца о снимал додека пазарува со млада жена. Дарио Орландо на суд изјавил дека актерот прво го повикал да му пријде а потоа го удрил со глава во лицето. Депардје се бранел со тврдењето дека Орландо е „папарацо“, на што тој негирал. Актерот на суд е прогласен за виновен и казнет со казна од 800 евра.

На летот од Даблин до Париз во 2011 година, на Депардје му било забранет да оди во тоалет за време на полетувањето. Бидејќи неможел да се воздржи, актерот пред сите уринирал во празно шише, па оставил флека на подот бидејќи шишето претекло. Подготовките за полетување биле запрени, а Депардје изнесен од авионот. „Не сум чудовиште. Само сум човек кој сакаше да моча“, рекол подоцна.

Депардје предизвикал големи негодувања кога во 2013 година прифати руско државјанство, протестирајќи против предложениот данок за богатите во Франција. Пасошот му го предал лично Владимир Путин на свечена вечера, а актерот возвратил со пофалби на негова сметка. „На руската нација всушност и треба ваква личност. Путин се труди на Русите да им го врати достоинството“.

Една година подоцна пијан среде бел ден паднал од мотор во Париз. Осуден е поради избегнување да присуствува на рочиштата и три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното. Потоа тој некако успеал да земе белгиска возачка дозвола, што му овозможило и понатаму да може да вози во Франција.

Извор: 24sata.hr

Фото: Vjesti.ba


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.