ММС

Објавено на: 02/24/21 2:01 PM

Пристигнa и втората пратка вакцини од Србија (Галерија)

Пристигна и втората пратка вакцини од Србија. Вакцините пристигнаа со приватно возило од српска страна, беа прегледани од царинските служби на Македонија и Агенцијата за лекови, по што со комбе на Клиниката за трансфузиологија ќе бидат пренесени во Скопје. Од возилото со кое пристигнаа до комбето со кое ќе бидат дистрибуирани до главниот град, вакцините беа пренесени од министрите за здравство на двете земји.

„Исклучително ми е драго што можеме да им помогнеме на колегите, да имаме подобра здравствена состојба во регионот. Нашата цел е да продолжиме со помошта“, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.

Македонскиот министер пак, Венко Филипче го оцени ова како чин на солидарност.

„Започнавме со процесот на имунизација на здравствените работници, кој се одвива со одлично темпо.Досега се вакцинирани околу 1300 здравствени работници“, истакна Филипче.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Никола Ивановски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.