ММС

Објавено на: 02/24/21 1:03 PM

Се работи на обезбедување средства за почнување на третата фаза од пругата кон Бугарија

 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува во текот на годинава да биде избран изведувач на првите две делници за пругата кон Бугарија и да има прогрес на работите на терен, а како што изјави денеска, работат да обезбедат средства за почнување на третата фаза.

„За пругата кон Бугарија, согласно со одлуката од Владата, првата и втората делница  ги споивме во едно и  веќе се работи на претквалификација и барање заинтересирани изведувачи кои ќе работат на  овие две делници Куманово-Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка за кои  се обезбедени финансии во најголем дел од грантови, изјави денеска Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на работите за изградба на гасоводот Скопје-Гостивар.

За следната фаза од  Крива Паланка до граница со Бугарија веќе се обезбедени 60 милиони евра, а целата чини над 400 милиони еера.

„Вчера со одлука на Владата помина информација со која Македонски железници Инфраструктура ја продолжува постапката за апликација за обезбедување дополнителни средства како грант за оваа трета фаза преку WBIF. Toa значи дека веќе се подготвуваме со сите предфази да обезбедиме средства за сериозно почнување на третата фаза,  а очекуваме во текот на годинава да биде избран изведувач за овие први две делници, така што очекувам  и прогрес во текот на оваа година со нов изведувач на терен, рече Бочварски.

Тој не сакаше да ја коментира судската постапка по прекинот на работите на првата  делница посочувајќи дека тие си течат и има арбитража, а сето тоа не ја запира постапката за избор на нов изведувач кој ќе работи на терен.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.