ММС

Објавено на: 02/24/21 12:30 PM

Жена добила отказ бидејќи одбила да се вакцинира против Ковид-19

Бони Џејкобсон (34) од Њујорк ја загубила работата во бруклинската таверна Ред Хук откако изразила загриженост дека вакцината би можела да влијае на плодноста.

Бони рекла дека со нејзиниот сопруг од неодамна решиле да се обидат да зачнат дете, но плановите им се ставени на чекање откако таа ја загуби работата поради пандемијата со коронавирусот, пишува британски The Sun.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болеста во тек се клинички испитувања за да се процени ризикот од вакцините врз бремените жени.

„Иако во целост ја поддржувам вакцината и ја разбирам нејзината важност, верувам дека ова е многу личен избор“, истакна Бони во мејлот кој го пратила до шефовите.

Но, сопственикот на ресторанот, Били Дарни рекол дека компанијата си има своја политика која бара целиот персонал да се вакцинира со цел повторно да ги отворат вратите за гостите. Додаде дека таа политика е ревидирана за да се направи исклучок за лицата на кои им е забрането да се вакцинираат поради лично здравје или инвалидитет.

извор: 24sata.hr

фото: nypost.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.