ММС

Објавено на: 02/24/21 9:42 AM

Бунт во затворите во Еквадор: 67 загинати

Како резултат на полициската интервенција во немирите во затворите во Еквадор, бројот на починати затвореници се зголеми на 67, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Официјални лица во изјавата за медиумите во Еквадор информираа дека немирите во затворите се должат на борбата за водство меѓу бандите и дека започнале во утринските часови истовремено во три различни градови.

Властите истакнаа дека бројот на затвореници кои загинале во немирите во затворите во Гвајакил, Куенка и Латакунга се искачи на 67.

На инсертите кои се појавија на социјалните мрежи, се тврди дека на некои затвореници им биле исечени главите.

Претседателот Ленин Морено во изјавата на својот профил на Твитер нагласи:

„Криминалните организации извршија криминални активности истовремено во три различни затвори во земјата. Безбедносните сили презедоа контролирана акција за враќање на безбедноста во затворите во Гвајакил, Куенка и Латакунга.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.