ММС

Објавено на: 02/24/21 9:25 AM

СЗО: Смртноста од коронавирусот намалена за 20 отсто

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), смртноста во светски рамки од Ковид-19 се намалила за 20 отсто во периодот од 15 до 21 февруари, во споредба со претходниот просек од една недела. Опаѓачкиот тренд на смртноста трае шест недели по ред, според редовниот неделен извештај на СЗО, пренесуваат агенциите.

Бројот на новоинфицирани е зголемен во последната недела во САД и изнесува повеќе од 480 илјади, а на второ место е Бразил со повеќе од 316 илјади новоинфицирани.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.