ММС

Објавено на: 02/24/21 7:29 AM

Денеска од Србија пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер”

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановце, со цел да ја преземе втората донација од вкупно 8.000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек, соопшти Танјуг.

Првиот контингент од 4680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.

Со вакцините „Фајзер” од Србија започна имунизација во Македонија, а вакцините први ја примаат здравствените работници.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.