ММС

Објавено на: 02/23/21 10:04 PM

(ВИДЕО) Тајгер Вудс е тешко повреден во сообраќајна незгода

Легендарниот голф играч Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна незгода во Лос Анџелес, откако автомобилот со кој управувал се превртил и завршил покрај патот, пренесуваат американските медиуми.

Вудс со тешки телесни повреди веднаш е пренесен во болница. Во автомобилот тој бил сам, а неговото возило се движело во насока кон булеварот „Хоторн“ на патот кон „Блекхорс“ и наеднаш се превртело, претрпувајќи голема штета.

 

Лошиот пат и видливост на патот се потенцијалните причини за сообраќајната незгода на Вудс.

 

 

 

 

Фото:

en.as.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.