ММС

Објавено на: 02/23/21 7:37 PM

Грчки воени авиони „вознемирија“ турски брод кој спроведува истражувања во меѓународните води

Четири авиони Ф-16 на грчкото воено воздухопловство, во меѓународните води на северниот дел на Егејското Море вршеле притисок врз бродот „ТЏГ чешме“, кој на тој простор вршел научно-технички истражувања, јавува Агенција Анадолија (АА).

Еден од четирите воени авиони на грчкото воздухопловство, што му се приближил на бродот кој вршел истражувања, „го вознемирил“ бродот, исфрлајќи „чаф-капсули“ во воздух на оддалеченост од 2 морски милји.

Од извори на турското Министерство за одбрана се дознава дека на грчките воени авиони, кои од 1.000 метри висина „го вознемириле“ турскиот брод што вршел научно-технички истражувања, им бил даден соодветен одговор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.