ММС

Објавено на: 02/23/21 7:11 PM

(ФОТО) Паул Гасол на 40 години се врати во Барселона

Бомба одекна денес од Каталонија. Веројатно и најголемиот шпански кошаркар на сите времиња, некогашниот освојувач на НБА лигата со Лос Анџелес Лејкерс, Пау Гасол, се врати во својата Барселона.

Четириесетгодишниот центар до крајот на сезоната ќе игра во Блауграна и ќе се обиде да му помогне на тренерот Шарунас Јасикевичиус во обидот за освојување на долгопосакуваната титула во Евролигата. Враќањето во Европа за Гасол претставува и последна прилика за подготовка за Олимписките игри во Токио, на кои со сигурност ќе се прости од професионалната играчка кариера.

Тој кариерата пред 20 години ја започнува токму во Барселона и кам-бекот во Европа беше извесен само во еден тим и во еден град.

-Многу сум среќен што ќе се вратам дома. Сакам со моето искуство и квалитет да помогнам на тимот во оваа круцијална фаза од сезоната, но во исто време и да се вратам во физичка форма и ритам за продолжението. Среќен сум што се враќам онаму каде што започнав и се надевам дека наскоро ќе контрибуирам во првиот тим, изјави Гасол.

Во богатата кариера Гасол со Барселона има освоено две домашни титули, а во НБА лигата двапати се искачи на врвот со Лејкерси. Дури шестпати шпанскиот центар има настапувано на „Ол Стар“ мечот. Со репрезентацијата на Шпанија освои светска и европска титула.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.