ММС

Објавено на: 02/23/21 7:09 PM

Заев: Мијалков немаше друг избор и го стори она што беше неизбежна опција

Откако Сашо Мијалков попладнево се појави пред Обвинителство, премиерот Зоран Заев на прес конференција изјави дека правдата е обезбедена и ќе ја има и повеќе и почесто, и ќе следува ваков одговор на институциите кога некој сака да си игра со правдата.

-Во изминатите 40 часа, институциите не Владата предводени од мене во координација со правосудните органи спроведовме акција со детални постапки. Беа превземени сите редовни и вонредни мерки. Со акцијата координирав јас и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција. Се пријави во Обвинителството за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор. Брзата мобилизaција и координација меѓу сите институции даде резултат и ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата, рече Заев.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.