ММС

Објавено на: 02/23/21 6:11 PM

Мицкоски: Оставка на Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш денеска побара оставка од Владата, откако Сашо Мијалков, за кого се тврдеше дека е во бегство, се појави во обвинителството за да го земе решението за домашен притвор.

-Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка веднаш!, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на веста дека Мијалков сам дошол во обвинителството.

Претходно денеска Мицкоски, по повод бегството на Мијалоков, одржа прес-конференција на која побара оставка од Владата, во спротивно најави поднесување барање за изгласување недоверба на Владата во Собранието, а ги коментираше поврзаноста на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и улогата на Мијалков, како и на премиерот Зоран Заев. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.