ММС

Објавено на: 02/23/21 4:29 PM

Дете мое нема шанси овде да живее- Карпите во Радожда ќе ги срушат куќите на пола село

 Силен тресок како да се урнал авион. Вака жителите на струшкото село Радожда, го опишуваат звукот и стравот кој го доживеале, при одронот на голема стотонска карпа, од која само голема среќа ги спасило нивните куќи.Карпата завршиле во селските плевни кои се наоѓаат непосредно до нивните домови. А, половина од куќите, се изградени под еден километар долгата карпа, која е надвисната над нив.

„Уште вечерта се слушаше како крцкање на карпите. И утрото околу 7 часот пред да одат децата на училиште се случи оваа работа.Се уште сме во шок. Каменот кој што падна овде, ни дојде, како куќата да ја рушат. Јак звук и удар и тоа беше навистина катастрофа.За да оставам дете мое по мене овде да живее нема шанса“, вели Гаврил Пејоски-жител на Радожда.

Пејоски вели дека нема да дозволи повеќе неговите деца, синови и внуци да продолжат да живеат во селото, токму поради опасноста која доаѓа од карпите. Жителите велат дека се уплашени и оти стравуват од понатамошно лизгање,поради направените расцепи и на останатите карпи,а кои можат да се видат и со голо око.

„Ова не е случено во Радожда 200 години.Прв пат од карпата да се одвои дел.Огромна карпа се одвои“, изјави Михајло Скрчески-жител на Радожда.

„Пола село е под карпата и постои опасност и таа да се сруши.Сега е вистински страшно да се живее во Радожда, ако не се преземат мерки.Можеби 50 метри е должина и едно 30 метри кратер каде што е одлепена карпата“, вели, Михајло Солакоски-жител на Радожда .

Жителите на оваа струшка туристичка населба, бараат на лице место веднаш да излезат стручни лица,за да се утврди, во каква состојба се карпите и дали можеби ќе биде потребна евакуација на жителите.

Од општина Струга најавуваат дека ќе бидат преземени мерки за одстранување и расчистување на просорот.

„Градоналаникот со писмено барање се обрати до надлежните служби.

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да излезат на увид за да констатираат дали е безбедно и дали треба да се превземаат дополнителни мерки“, велат од општина Струга.

Мики Трајковски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.