ММС

Објавено на: 02/23/21 3:48 PM

Направи ја најважната одбрана во животот – Емотивна порака на Никола Митревски до соиграч кој се бори за живот

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски објави емотивна порака за својот клупски колега од Порт, Алфредо Кинтана кој од вчера се бори за живот.

Кинтана вчера на тренингот на Порто доживеал срцев удар и ситуацијата е критична. Сите кои го познаваат Кинтана од светскиот ракомет испраќаат пораки со поддршка за репрезентативецот на Португалија.

Никола Митревски на својот профил на Инстаграм напиша емотивна порака за соиграчот со кого го бранат голот на Порто.

„Напред Кинтана. Направи уште една одбрана како секогаш, најважната одбрана во животот“, напиша Митревски на својот профил на Инстаграм.

фото: Фејсбук и Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.