ММС

Објавено на: 02/23/21 2:53 PM

Пациентка починала по трансплантација на бели дробови, донорот имал Ковид 19

Лекарите од Мичиген потврдија дека пациент кој имал трансплантација на белите дробови на крајот на минатата година починал по два месеци, а подоцна било утврдено дека донаторот бил заразен со новиот коронавирус, иако првите тестови покажале дека тој е негативен на САРС- CoV-2.

Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген наведува дека ова може да биде првиот докажан случај на ковид-19 во Америка поради инфекција со вирусот преку трансплантација на органи, пишува NBC.

Хирургот кој ги лекувал белите дробови на донаторот се заразил и се разболел, но успеал да се опорави.

Се претпоставува дека станува збор за изолиран случај, единствениот потврден во скоро 40.000 трансплантации извршени во САД во текот на 2020 година.

Д-р Даниел Каул, раководител на одделот за трансплантација, рекол дека се направени сите тестови што обично се прават, вклучувајќи ги и пациентот и донаторот и дека тестовите за САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува болест на ковид-19, биле негативни.

По овој случај, д-р Каул повикува на уште подетални анализи на донаторите, нагласувајќи дека покрај примероците од носот и грлото, потребно е да се тестираат примероци земени од најдлабоките делови на белите дробови.

„Сигурно немаше да ги искористиме тие бели дробови ако знавме дека пазциентот бил позитивен на ковид-19“, рекол д-р Каул.

Белите дробови биле земени од жена која починала во сообраќајна несреќа и биле пресадени на жена која страдала од хронично опструктивно белодробно заболување.

Три дена по операцијата, на пациентката на која и биле трансплантирани белите дробови и се појавила треска, паднал крвниот притисок и дишела потешко. Снимката покажала инфекција на белите дробови. Бидејќи нејзината состојба се влошила, таа добила сепса и проблеми со срцето.

Лекарите одлучиле да го повторат тестот за САРС-CoV-2. Примероците на белите дробови покажале позитивен резултат, но лекарите биле вознемирени од потеклото на инфекцијата бидејќи не биле сигурни кој првично бил заразен, пациентот на кого му биле донирани белите дробови или донаторот на органот.

Тестирањето на примерок зачуван, течност од белите дробови на донаторот исто така дал позитивен резултат, а генетскиот скрининг открил дека пациентот кој го примил органот и лекарот кој ги лекувал белите дробови го заразил донаторот.

Состојбата на пациентот се влошила, неколку органи биле блокирани, применети биле сите познати терапии, вклучително и ремдесивир и крвна плазма од луѓе кои се опоравиле од коронавирусот и таа конечно била ставена на ECMO-уред но, за жал, пациентот починал 61 ден по трансплантацијата.

Преземено од: https://rs.n1info.com/
Фотографија: Shutterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.