ММС

Објавено на: 02/23/21 12:56 PM

Нели ви е срам да ги лажете родителите на убиените деца, му рече на судијата осудениот Фејзи Азири

Нели ви е срам како суд да ги лажете родителите на убиениете деца – праша попладнево Фејзи Азири, осуден на петнаесет години затвор за случајот Монструм. Пресудата која беше изречена денеска, тој ја оцени како ‘чиста манипулација’.

Велевте дека ќе ја кажете вистината, а донесовте друга одлука – истакна Азири, откако судијата Огнен Ставрев соопшти дека се прифаќа предлогот на обвинителот за определување мерка притвор на осудените.

По советување и гласање, Судот донесе одлука за определување мерка притвор по објавувањето на пресудата до издржување на казна затвор, до отпочнување на казната затвор односно до правосилноста на пресудата – истакна судијата.

Решението за оваа мерка за Халил Демири и Африм Исмаиловиќ Алил и Африм решението ќе биде доставено до нивните бранителите, бидејќи тие не се овде. Решението ќе биде доставено до Затвор Скопје и до МВР.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.