Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение се огласи во врска со предметот Монструм.
Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за Монструм и дека други се убијците. Денеска судот ги потврди казните, а друга вистина не е утврдена. Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го обвини премиерот дека ја злоупотребил оваа трагедија за добивање политички поени.
„Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини. Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.