ММС

Објавено на: 02/23/21 10:28 AM

Три месеци возилото им е затрупано во снег: Зиме не се оди на планина со автомобил

Планинарите кои во неделата се качувале по високата хрватска планина Динара наишле на необичен призор на патот кон планинарското засолниште „Пума“ во подножјето на масивот Троглав. Таму ги дочекал целсоно затрупан во снег автомобил.

Уште во декември лани таму невнимателна група излетници тргнала со теренско возило, потсетува „Далмација данас“, а пренсува „Вечерњи лист“.

„Тогаш преноќиа во ’Пума’. Почнал да паѓа снег и автомобилот останал блокиран. Затоа ги предупредуваме сите оние кои имаат намера да одат на планина претходно да се информираат и да се подготват за суровите зимски услови“, порачале тогаш од ХГСС.

Оттогаш паднал многу снег, па автмобилот на Динара останал целосно затрупан со снежна покривка. Бидејќи во последните денови е малку потопло, покривот на автомобилот веќе се гледа во снегот. Сепак, ќе треба уште долго време додека сопственикот си го зеде.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.