ММС

Објавено на: 02/23/21 9:43 AM

Антителата кај некои се создаваат со голема брзина, но кај други сами исчезнуваат: Д-р Марија Гњатовиќ објасни зошто е така

Првите количини од вакцината на АстраЗенека (150 илјади дози) пристигнаа во Србија во текот на викендот, а Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија вчера изјави дека веќе од денес треба да почне и вакцинацијата со оваа вакцина. Таа очекува оваа вакцина да покаже слични резултати како и руската Спутник Ви бидејќи се засноваат на сличен концепт, а разликата е единствено во видот на аденовирус кој го користат.

Испитувајќи ја ефикасноста на различни вакцини во смисла на создавање антитела кај група здравствени работници кои примија различни вакцини, видовме дека сите кои ја примија руската вакцина развија антитела – истакна таа во изјава за Danas.

Во однос на тоа кога треба да се прави тест за проверка на антитела и која е нивната „доволна количина“, Гњатовиќ објаснува дека основното прашање е со кој тест е направена проверката.
По вакцинацијата со вакцината на Фајзер би требало да поминат две недели од првата доза за да може да се забележат антитела при тестирањето. Резултатите сепак ќе бидат поинакви ако се работи за општата популација, ние ги тестиравме лекарите, тие беа многу изложени на вирусот и вакцината малку подобро реагира кај оваа популација. Добивме високи вредности на антитела, во голем процент, кај руската и кај вакцината на Фајзер, а за Синофарм имаме помалку податоци, бидејќи подоцна почна да се дава. Но дури 99,7 проценти од лекарите создале антитела откако се вакцинирале со вакцината на Фајзер. Веројатно во општата популација ќе се најдат и луѓе кои нема да ги создадат, но тоа ќе биде многу мал број – потенцира Гњатовиќ.

Создавањето антитела зависи од општата состојба, терапијата, хроничните болести…

Колку трае имунитетот потоа?

Ги набљудувавме лекарите кои развија мала количина антитела поради тоа што ј имале болест во полесен облик. Но, антителата штитат секако и сигурно дека ќе обезбедат заштита од потежок облик на болеста – изјави таа.

Колку често треба да се проверуваат антителата?

Ние ги следевме од четири до пет недели, за еден месец не се случуваат значајни промени. Ќе следиме уште почесто за да може да ја воочиме тенденцијата на опаѓање на антителата, за да може д анаправиме проценка за должината на заштитата – додаде таа.

Кај некои луѓе изложеноста на вирусот ќе доведе до зголемени вредности на антитела. Тоа ќе ве штити и нема да развиете тешка клиничка слика, ќе настане дополнителна количина антитела. Но постојат и оние кои имале блага клиничка слика и кај нив антителата може да исчезнат и повторно да се заразат.

 

Извор:  mondo.rs

Фото: PRINTSCREEN/PRVA

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.