ММС

Објавено на: 02/23/21 7:05 AM

Време: Денеска сончево и топло, така ќе биде и до крајот на неделава

Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура од -4 до + 3, а максималната од 14 до 21 степен. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Следува период на стабилно и топло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.