ММС

Објавено на: 02/22/21 11:41 PM

Загина италијанскиот амбасадор во ДР Конго во напад на конвојот на ОН

Министерство за надворешни работи на Италија соопшти дека италијанскиот амбасадор Лука Атанасио и италијански војник се убиени во нападот на конвојот на Обединетите нации (ОН) во Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго, Лук Атанасио и на еден италијански војник“, се наведува во писмената изјава на министерството.

Исто така се наведува дека нападот се случил додека амбасадорот Атанасио и еден војник од италијанската жандармерија патувале со автомобил на конвојот на MONUSCO, мисија на ОН за стабилизирање на Демократска Република Конго.

Во веста објавена во италијанските медиуми се наведува дека целта на нападот врз конвојот на ОН била да се киднапираат лицата во конвојот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.