ММС

Објавено на: 02/22/21 10:44 PM

Нема крт во обвинителството, страшно е што бегствата ни се повторуваат, рече Вилма Русковска, шефицата на ОЈО

Во емисијата „360“ на Алсат каде гостинка беше Вилма Русковска, шефицата на ОЈО, која одговори на неколку прашања во врска со бегството на Сашо Мијалков. Зборувајки за редоследот на настаните таа рече дека се почнало од петокот кога МВР било информирано за завршување на процесот, дека и обвинистелството и одбраната завршиле со завршните зборови.

-Немавме законска можност, бидејќи прво Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки и редовно се јавуваше на сите рочишта и втората е што доколку во тој момент обвинителството побараше притвор ќе се протолкуваше како прејудицитрање на пресудата. Додека судот не ја објави пресудата секој е невин. Што значи, пресудата можеше да биде и ослободителна и врз база на што обвинителството да бара притвор. Во вакави случаи обвинителството може да бара притвор  доколку пресудата беше затвор, рече Русковска.

На прашањето како еможно да им се повтори истата ситуација како со Никола Груевски, кој исто така им побегна таа рече:

– Не е исто со Грујовски, бидејки при објавување на пресудата тој беше во државата и обвинителсрвото не побара притвор. Пак ке речам, многу е различна ситуацијата. Да, исходот е ист, но периодот од изрекување на казната до добивање на упатен акт за издржување на казна е многу поразличен отколку да се бара притвор пред изрекување на казната, рече таа.

Рускоска објасни и како течела  нејзината комуникација со МВР.

-Јас во саботатат по 12 часот на пладне откако добив информација дека е можно бекство на Мијалков се јавив на министерот Оливер Спасовски, кој ми рече дека ќе ги провери сознанијата од мене. Некаде по 15 часот ми се јави Спасовски и ме замоли дека она што сум го кажала на телефон да го напишам писмено и да го доставам. Јас тоа го сторив и некаде по 22.30 часот ми донеса извертување од полиција, истотото известување кое им го пратив со додадени генералии на Мијалков. Му се јавив на директорот на Агенцијата за национална безбедност и го прашав дали тие имаа сознанија и тој ми рекче дека- не. Републичкиот обвинител ме праша колку ми е сигурна информацијата дека Мијалков се подготвува за бегство, што му реков дека ми е од мој личен извор. Се договоривме за следниот ден и  во неделагта все обидов да стапам во контакт со мојот извор да прашам колку е сигурна и дури околу пладне се чув со него и притоа на скала од 1-10 ми рече дека информацијата за бегство на Мијалков е некаде 7.  Тоа беше непотврдена информација од еден извор. А кога Агенцијата за национална безбедност нема никаква информација со што ние со сигурност да настапиме, рече обвинителката.

Врз основата на изјавите Рускоска беше и запрашана зошто не е баш најдобра координацијата мегу ОЈО и обвинителите од СЈО, кое таа го негитраше.

-Одлична ни е комуникацијата, само за одредени предмети што не ми се реферирани од нивна страна не можам ништо да кажам. Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов беа во 14 часот во судот, првиот судија се појави во 15 часот и тогаш е и решението. Визуелно од страна на овластени службени лица Мијалков е виден некаде по 15 часот. Еден час по поднесувањето на нашето барање до судот, рече таа и објасни дека во судот нема крт, туку во другите институции.

„ Во обвинителството нема крт, а за другите установи не можам да бидам сигурна. Во саботата  бев само јас, а во недела јас и двајцата колеги, немаше друг. Премногу е рано сега да зборуваме за започнување на истрага. Би требало да се најде човекот што се бара. Тоа на сите би ни било драго, но не сме сигурни дека ја напуштил државата. Во следните денови ќе одлучиме што ќе се превземе. Последниот пат Мијалков е виден како доаѓа во хотелот „Мериот“ заедно со неговата сопруга. Додаде таа.

На прашањето кој е виновен што Мијалков избега, таа рече:

„Јас во овој момент навистина не сакам да шпекулирам со било чија одговорност, но отфрлам дека е во обвинителството, бидејќи ние ја дадовме информацијата уште во саботата. Не сакам да шпекулирам каде е пропустот. Пропусти има и мене апсолутно, лично како човек, не како обвинител, ми е страшно што ова ни се повтори и од тие причини бев лично ангажирана за да не ни се повтори. И е страшно што постојано ни се повторува, рече таа на крајот во интервјуто за „360“ на Алсат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.