ММС

Објавено на: 02/22/21 10:20 PM

Тимо Вернер: Се спуштив на земја, не може да те нарекуваат топ напаѓач доколку не постигнуваш голови

Големите трансфери во Премиер Лигата отсекогаш привлекувале најголемо внимание. Со преселувањето во Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Арсенал, „на плеќи“ се носат и сите тие медиуми, критични и честопати необјективни фанови, измислени наративи, зли јазици.

Германскиот репрезентативен напаѓач изминатото лето потпиша за Челзи од Лајпциг за приближно 47 милиони евра. Во блиското минато екипата од западен Лондон немала многу среќа со играчите кои играат најистурено во навалната линија, па меѓуостанатите работи некогашниот фудбалер на Штутгарт мораше да се соочи и со наводното „проклетство“ на напаѓачите на „Стемфорд Бриџ“.

Неретко на неприордна позиција, во за жал дисфункционален Челзи под палка на Лампард сезонава, Тимо Вернер не го пронаоѓаше од коло во коло патот кон противничката мрежа. На англиските медиуми не им требаше долго пред да го стават на „колец“ и да го растргнуваат на насловни страници, иако она што Вернер го играше на терен во било кој период и под двајцата тренери (Лампард и Тухел), не соодвествуваше во целост со статистиката поврзана со неговото име.

„Уште едното трансфер промашување во низа на Абрамович“, засега во сите конкуренции има забележано 19 голови и асистенции на свое конто. Чисто за илустрација, повеќе контрибуирал во играта на матичниот клуб од неговите колеги во Лестер (Варди), Ливерпул (Мане, Фирмино), Манчестер Јунајтед (Марсијал), Арсенал (Обамејанг). И покрај сосема коректните бројки за дебитантската сезона во најдобрата и најтешката лига за играње во светот, критиките не стивнуваа.

Германецот е свесен озборувањата и пишувањата кои знаат да бидат длабоко неосновани, но наместо да изнаоѓа оправдувања, самокритичен е кон себеси. Вернер изјави дека е спуштен на земја и дека топ напаѓачите како него мораат да се запишуваат во листата на стрелците постојано.

-Очигледно, научив дека не може навистина да те нарекуваат топ напаѓач доколку имаш голгетерски „пост“ како што имав јас. Во последните неколку месеци бев спуштен на земја. Фудбалерите во Англија се сите 1,90 метри, високи, брутални и многу брзи, вклучувајќи ги дефанзивците, изјави Вернер, а пренесува „B/R Football“.

Вернеровата екипа утре од 21:00 часот на „Националната Арена“ во Букурешт ќе се сретне со Атлетико Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.

 

 

 

Фото:

talksport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.