ММС

Објавено на: 02/22/21 8:45 PM

Има 32 години, а на пат е 12-то дете: За една недела троши по 65 литри млеко и 600 пелени

Британката Бритни Чурч има 32 години и 11 деца, а 12-тото е на пат. Таа првото бебе – денес 15 годишната тинејџерка Кризман ја родила само шест дена откако наполнила 16 години.

Бритни ја родила Кризман во бракот со сега поранешниот сопруг, а покрај неа парот добил уште четири деца – Џордан (14), Калеба (14), Џејс (12) и Каденс (10). Меѓутоа следел развод, но оваа мајка набрзо дознала дека е бремена и со шестото дете – девојчето Џесалин која денес има 8 години.

 

Бритни потоа се омажила со Крис кој сонувал за големо семејство. Со него добила два сина, а потоа пред нешто повеќе од една година добила и тројка – уште три момчиња. Парот не застанал тука, бидејќи имале само машки деца, посакале и едно девојче, па Бритни сега е бремена со 12 бебе.

Бритни дури на ТикТок објавила и видео во кое прикажува колку е среќна што носи девојче.

 

-Се надевам дека ќе имаме уште едно девојче. Не мислам дека ќе имаме 15 деца, но не очекував дека ќе имам 11, рекла минатата година откако добила тројка.

Таа рекла и дека е тешко финансиски да се излезе на крај со бројните потреби на големото семејство, па така најмногу пари одат за храна, неделно околу 330 долари. Во текот на една недела се трошат 65 литри млеко, пет кутии снегулки и повеќе од 600 пелени.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.