ММС

Објавено на: 02/22/21 5:50 PM

Победа против Естонија со горчлив вкус, Македонија нема да игра на Еуробаскетот во 2022

Четирите порази во шесте квалификациски натпревари, а особено оној во првиот дуел со Естонија, му пресудија на македонската кошаркарска репрезентација и застанаа на патот кон Еуробаскетот во 2022 година.

Момците на Александар Тодоров со 86:84 ја поразија Естонија во Перм во директна пресметка со конкурентот за европски турнир, но првото неефикасно полувреме и заостанувањето од 11 поени (кош разликата која всушност ќе ја однесеше Македонија на посакуваното Европско првенство) претставуваше причина за минималната, тешко издвојувана и со горчлив вкус победа.

Македонскиот напад не функционираше во првите две четвртини, во кои избраниците на Александар Тодоров имаа дури 12 загубени топки и само три реализирани тројки од 14 обиди.

Со агресивна одбрана на стартот на третата третина и серија од 12:0, од кои девет поени постигна Џејкоб Вајли, Македонците се приближија на 54:50, но уследија две „среќни” тројки на спротивната страна со кои Естонија ја врати предноста од десет поени.

Македонските кошаркари не се откажаа во ниту еден момент и упорноста им донесе водство од 81:80 на 1,44 секунди до крајот на натпреварот, но немаа сили за подвиг.

Македонските кошаркари во евроквалификациите забележаа по една победа и пораз против Италија и Естонија, и два порази од Русија.

Ва таборот на црвено-жолтите статистички највисоко котираа Димитријевиќ со 23 поени и пет асистенции и најави дека играчот на Хувентуд е идниот предводник на македонската репрезентативна кошарка. Трајковски со 21 поен и Вајли со 18 поени држеа чекор со Димитријевиќ.

Пласман на Евробаскетот, покрај домаќините Италија, Германија, Грузија и Чешка, обезбедија досега уште Хрватска, Грција, БиХ, Израел, Шпанија, Словенија, Украина, Русија, Србија, Финска, Полска, Унгарија, Белгија, Холандија, Турција, Бугарија, Франција, Естонија и Велика Британија.

 

 

 

Фото:

КФСМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.