ММС

Објавено на: 02/22/21 5:15 PM

Драгана Мирковиќ со години била во врска со бизнисмен и политичар, па тајно се омажила за него

Пред бракот со Тони Бјелиќ, Драгана Мирковиќ била во долгогодишна врска со познат естраден менаџер и политичар. Сепак, нивната врска не опстанала.

Драгана во 90-тите години, во екот на својата популарност била во врска со Зоран Башановиќ, бизнисмен, менаџер и политичар. Во тоа време Башановиќ на фолк ѕвездата не и бил само момче, туку и менаџер. Нижеле успеси и уживале во љубовта. А потоа кон крајот на минатиот век, ставиле крај и на работната и на приватната врска.

Мирковиќ набрзо го запознала Тони, за кој без многу медиумско внимание се омажила во 2000 година, а денес заедно ги имаат ќерката Мануела и синот Марко.

Башановиќ во едно интервју во 2010 година открил дека не останал во контакт со Драгана и признал дека во една прилика тајно се венчале.

-Многу време тогаш поминувавме надвор од земјата, а кога не работевме одевме што подалеку, бидејќи само таму имавме мир. Постојат туристички венчавки на далечните дестинации и острови каде што луѓето склопуваат брак на шега. Така јас и Драгана се венчавме во една капела во Лас Вегас, како и многу познати парови, но таа венчавка не никаде заведена и не важи. Ако тоа било некоја тајна венчавка за која се зборуваше, сега веќе не е, обелоденил Башановиќ, кој пред врската со Драгана бил во кратка врска со нејзината колешка Мира Шкориќ.

Извор: Република.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.