Европската агенција за лекови (ЕМА) издаде препорака за употреба на вакцината на АстраЗенека против ковид-19 за сите старосни групи. Ова претставува силен сигнал за сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини – велат од Европската комисија. Откако Германија и Белгија изразија сомнеж за ефикасноста на оваа вакцина кај лицата постари од 65 години, од Комисијата истакнуваат дека секоја земја членка сама си одлучува дали ќе има одредени ‘дополнителни и построги барања’ во однос на употребата на вакцините, се’ додека тоа не е во спротивност со препораките на ЕМА.
Комисијата апелираше и интернет платформите како Facebook, Youtube, Google I Twitter итно да поработат на решение за дезинформаците кои се споделуваат на социјалните мрежи кога се во прашање вакцините против коронавирусот.
Живееме во услови на глобална здравствена криза, а проверените информации може да спасат живот – порачуваат од Брисел.
Од договорените 2,6 милијарди вакцини на ниво на ЕУ, во моментот во производство се 1, 2 милијарди, што според очекувањата на Брисел би требало да овозможи вакцинација за 70 проценти од населението во ЕУ до крајот на летото.
Фото: Илустрација / Pixabay
Извор: rtv.rs