ММС

Објавено на: 02/22/21 3:15 PM

Најлошото беше кога почнаа сите да умираат – потресна исповед на актерката

Светлана Цеца Бојковиќ (73) беше во болница поради корона вирусот и за среќа, актерката успешно се опорави.

Имено, како што истакна за „Аваз“, дури минатата среда за прв пат излегла од куќата.

– Се чувствувам добро, фала му на Бога. Помина некое време, излегов од болницата пред околу две недели и потоа продолжив со изолација од дома. Пред некој ден излегов од куќата, не се замарам многу. Иако, сето ова е индивидуално, за некои закрепнувањето трае побавно, за некои подолго. Во мојот случај, сè траеше околу еден месец – рече Бојковиќ.

– Сите можеме едноставно да ја фрлиме целата измината година. За жал, ништо не се случи во таа година, освен короната. Тоа беше целосно ненормален живот, кој го преживеавме и страдавме многу. Најлошо беше кога луѓето почнаа да умираат, и оние блиски и познати за нас – додаде актерката и призна дека не знаела каде се заразила.

– Не се заразив на снимање, што е интересно, а каде се заразив, прашајте го Бога кога никаде не сум била на друго место. Тоа не ми е јасно. Целиот тим е на снимање. Сега се снимаат многу серии, никогаш волку не се снимало . А театрите, во најголем дел, не работат, мислам ретко. Но, на снимањето, цел тим од нас актерите, носиме маски и внимаваме. Ако некој случајно се разболи, сите веднаш се тестираме,  снимањето е прекинато и така натаму.

Таа признава дека била изненадена од реакцијата на јавноста за нејзината болест.

– Дури не им кажав ни на пријателите додека бев дома. Токму затоа што не сакам толку многу гужва околу тоа. Сепак, излезе во јавноста, потоа тоа не го следев затоа што бев во болница. Не сум ги видела моите, ниту ќерката ниту сопругот, само ми носеа тоа што ми требаше, изјави таа.

 

Извор и фото: (Espreso / Avaz)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.