ММС

Објавено на: 02/22/21 2:48 PM

Уапсени крадци на чоколади во Пула

Полицијата во Пула, Хрватска,  уапсила жена (22) и маж (25) кои се осомничени за кражба на повеќе од 150 чоколади, облека тостери и огледала.

Откако на 18-ти февруари во попладневните часови полицијата примила повик дека две лица од продавница во Пула украле поголема количина чоколади, сообраќајната полиција доцна вечерта го прво ја уапсила жената, а потоа го пронашла и мажот кој и бил соучесник при кражбите.

Освен кражбата на чоколадите, двајцата успеале да ограбат уште шест продавници на подрачјето на Пула, оттуѓувајќи разни прехранбрени и козметички производи, облека, тостери и огледала со што предизвикале штета од неколку илјади хрватски куни.

извор и фото: 24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.