ММС

Објавено на: 02/22/21 2:51 PM

Двокатниот автобус го претворија во дом од соништата – приказната на Чарли и Лук

Кога Чарли Меквикер и нејзиниот партнер Лук Вокер решија да живеат заедно, тие знаеја дека нема да се чувствуваат добро во дом за кој ќе треба да издвојуваат големи суми пари месечно. Ним им требаше друга алтернатива.

Бидејќи таткото на Чарли поседувал земјиште во англискиот регион Есекс, парот сметал дека не е лошо да се искористи за нивниот дом. Бидејќи не се дискутираше за изградба на куќа, тие дојдоа на идеја да паркираат голем двокатен автобус на имотот и да го преуредат за да може да живеат.

Инспирирани од ТВ-шоуто „Неверојатни простори на Џорџ Кларк“, Чарли и Лук започнаа со работа. Една година подоцна, поранешниот автобус се претвори во куќа од соништата и тие беа во можност да се преселат во неа.

Автобусот што го купија, беше на улиците во Лондон само неколку месеци порано. Освен двајцата, на неговото ремоделирање работеа и искусни мајстори, кои им помагаа при инсталации и сè друго што бараше ниво на компетентност што тие го немаа.


На приземјето на поранешниот автобус сега има кујна, работна површина, гостинска соба и тоалет, а на првиот кат има када, плакар и спална соба. Најголемиот проблем со кој се соочиле Чарли и Лука откако се вселиле било несоодветно греење, со оглед на фактот дека просторот бил опколен од сите страни со прозорци. Сепак, тие брзо го решија тоа со купување силен грејач на подот и дрвени печки за приземјето.

Кога ќе се изморат од тоа да бидат во нивниот двокатен дом, Чарли и Лук можат да уживаат во околната природа. Во нивна непосредна близина, има прекрасно езеро, кое е совршено за романтично патување со брод.

Автобусот што го купи овој пар чинеше 2.500 фунти, а за неговата пренамена мораа да издвојат 15.000 фунти. Сепак, тие се воодушевени од сработеното, па Чарли за овој потфат изјави: „Не жалам за вложените пари и труд. Мислам дека ова е најдоброто нешто што го направивме јас и моето момче.

Преземено од: https://citymagazine.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.