ММС

Објавено на: 02/22/21 2:25 PM

Сине мој, среќо моја, нема да плачеме- Тажно простување на мајката на починатото момче во Ниш, по кое се трагаше четири дена

Мајка на момчето од Ниш, Јован Веселиновиќ, со статус се јави на Фејсбук по веста дека нејзиниот син вчера бил пронајден мртов во недовршена зграда, по четири дена трагање по него.

– Имам само една молба, во име на мојот Јован. Денес направете некое добро дело. Нахранете некој гладен, посвојте куче или мачка од улица. Донирајте СМС за болни деца. Помогнете му на некој постар да ја премине улицата. Ако видите како некому му недостасуваат пари на касата, доплатете вие. Засадете дрво, кажи и на мама дека ја сакаш. Прегрнете го вашето дете цврсто, силно, било што. За мојот Јован, за неговата чиста душа, за неговата вечна насмевка – напиша неговата мајка на својот Фејсбук профил.

Ja imam samo jednu molbu, u ime mog Jovana…
Učinite danas neko dobro delo… bilo koje.. nahranite nekog gladnog……

Posted by Milica Cvetković on Sunday, February 21, 2021

 

На 17 февруари, овој млад нишлија отишол во куќата на еден пријател да играат видео игра, по што заминал дома со двајца пријатели и една другарка, која ја испратил до дома. Тогаш последен пат бил виден жив. Оттогаш, па сè до недела наутро, се трагаше по него. Потрагата заврши на најлош и најтажен можен начин. Неговото тело, наводно, го пронашол семеен пријател во зграда во изградба на улицата Бранко Крсмановиќ.

Според првите информации, на телото на повреденото момче биле забележани повреди од пад од висина. Се претпоставува дека паднал високо околу 10 метри, поточно од третиот кат од еден од балконите или прозорците на зградата што стоела недовршена веќе седум години. Деталите за тоа како се случило ќе бидат познати само кога ќе заврши истрагата.

– Сине мој, мајкино сонце .. Живееш и ќе живееш засекогаш низ нас. Секоја сабота, бидејќи тоа е денот на твоето рагање, ќе дојдат твоите најмили пријатели. Ќе раскажуваме твои анегдоти, твои бисери, твои шеги, ќе ја јадеме твојата омилена храна, Пепси се подразбира … Нема да плачеме, ќе го славиме твојот живот и ќе му благодариме на Бога за секој ден што ни го даде со тебе. Засекогаш, око мое мило, мила моја среќо, мама ветува, ќе живее твојот дух, твојата харизма и сè што си и што си бил до вечноста. Мама веќе ја нема својата душа, не ми треба,  само ти и Лазар ми ја правите душата – напиша мајката на Јован, пипува курис.рс.

Мајката на Лазар е другарка на нашата манекенка Викторија Јаначковиќ. И таа на својот Фејсбук профил даде поддршка на мајка мју на Јован.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.