ММС

Објавено на: 02/22/21 1:44 PM

Додека Ноле славеше – Јелена Ѓоковиќ прозборе за „љубовната врска“ на својот сопруг!

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ вчера го победи Данило Медведев во финалето на Австралија опен и ја освои деветтата титула на овој грен слем.

Додека Новак славеше, се огласи неговата сопруга Јелена, која на Твитер го објави следново:

„Љубовната врска што мојот сопруг ја има со Род Лејвер Арена се емитуваше низ целиот свет со години (9-ти пат) и јас сум среќна што  ја гледам и таа драма 🙂 Еве многу трофеи – многу бакнежи и прегратки! И … Донеси го дома, „amore“ (љубов). Шампион на Австралија опен 2021 година, Новак Ѓоковиќ! “, напиша таа.

Новак реагираше на тоа, реетвитувајќи ја објавата на неговата сопруга, со коментар:

Луѓе, едвај чекам да Ве видам!

 

Извор и фото: Ало.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.