ММС

Објавено на: 02/22/21 1:27 PM

Заев: Европските регулативи ќе ги почитуваме во однос на етничката припадност да биде впишана во лична карта

Ако Европската унија има конкретна регулатива по прашањето за етничката припадност д абиде впишана на личните карти, тогаш немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, вели премиерот Зоран Заев.

„Право национално и сега на сите земји членки на ЕУ, така и наше да утврдиме во делот на етничката застапеност. Амбасадорот Дрјвид Гир, од август најави дека ќе влезе на сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ, нормално дека европските регулативи ќе ги почитуваме, но не знам конкретните детали на што се однесува европската регулатива. Јас реков за мене  е прифатливо да стои етничката припадност на граѓаните освен државјанството, ние сме мултиетничка земја. Секако е прифатливо и опционо, дали некој сака или не сака. Но ако ЕУ има конкретна и прецизна регулатива по ова прашање, ние немаме алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија“, вели Заев.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.