ММС

Објавено на: 02/22/21 12:44 PM

Четири лица се приведени откако приложиле лажни негативни ПЦР тестови

Полициски службеници на Граничниот премин „Меѓународен аеродром”-Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија за приложување на лажни ПЦР тестови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 19:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром”-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, се наведува во соопштението на Министерството.

Од Министерството информираат дека бил извршен  разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.