ММС

Објавено на: 02/22/21 12:39 PM

Секој македонски граѓанин што на пописот ќе се пријави како Бугарин, да добие бугарски пасош, бараат од КЦ „Иван Михаилов “во Битола

Секој граѓанин на Македонија, што ќе докаже со фотокопија од формулар на претстојниот попис дека се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарски пасош по скратена постапка. Такво барање е упатено од културниот центар „Иван Михаилов “во Битола во писмо адресирано до бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, а барањето е објавено на Фејсбук-страницата на Центарот.

-Знаете дека во последниве години повеќе од 100.000 македонски Бугари добија бугарско државјанство, а уште десетици илјади се пријавија за бугарски пасоши.  Тука во Битола пред бугарскиот конзулат редици луѓе чекаат.  Секој од овие Македонци потоа ке оди лично во Бугарија за да го прогласи својот бугарски идентитет и да достави документи.  И покрај масовната кампања против овие луѓе во Македонија, тие не се помалку патриоти на својата земја.  Тие ја сакаат Македонија дури и повеќе од другите.  Тие не се „фашисти“, „Татари“ или кое било малцинство, туку голема заедница на Македонци кои го зачувале својот бугарски идентитет.  Нашата јавна сатанизација нè принудува тука да се оправдаме дека бараме бугарски пасоши затоа што сакаме да патуваме во Европа.  Ова секако не е точно затоа што дури и со македонски пасош патувате без виза за Европа, а во исто време повеќето македонски Бугари немаат намера да ја напуштат својата татковина Македонија, пишуваат во дописот и додаваат:

-Во следните недели ќе се одржи нов попис во Северна Македонија.  Затоа се обраќаме до властите во Бугарија да ни помогнат да добиеме безбедност за оние Македонци кои сакаат мирно и слободно да се регистрираат како „македонски Бугари“.  Бараме радикално поедноставување на постапките за добивање бугарско државјанство, се вели меѓудругото во барањето.

Ваше Превъзходителство
Почитуван господин Румен Радев
Президент на Бугарија,
Почитувани сонародници од Бугарија,

Posted by Културен центар Иван Михайлов – Битола on Saturday, February 20, 2021

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.