ММС

Објавено на: 02/22/21 12:30 PM

Апсолутно нема политички договор, зад бегството на Мијалков, вели Заев

„Јавноста е информирана дека судот донел одлука за изрекување мерка притвор на Сашо Мијалков кој што се очекува да биде осуден со пресуда за предметот „Таргет Тврдина“ до крајот на оваа недела на барање на Јавното обвинителство судот донел одлука како што прочитав во јавноста за мерка домашен притвор. Како и целиот наш народ, така и јас сме разочарани што се уште не е пронајден и не е приведен односно не е однесен во домашен притвор лицето Сашо Мијалков, изјави премиерот Зоран Заев по завршување на судското рочише за „Титаник“ на новинарско прашање за бегството на Сашо Мијалков.

Тој бара веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков, и да ја спроведат судската пресуда.

„Очекувам детално информации од надлежните институции по извршната власт, а тоа МВР, како и тоа очекувам комплетно детали со истраги од самиот случај со судот, јавното обвинителство и од МВР, целосно нашиот народ очекува расветлување на ваквиот случај и секако понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение за ставање на притвор за лице за кое се очекува да се донесе пресуда за мене најважните случаи во државата, а тоа е разрешницата преку Основен суд за случајот на прислушкувањето „Таргет Тврдина““, вели Заев.

Одоговорност ќе биде побарана откако ќе бидат познати сите детали вели Заев.

„Синоќа судот дал наредба за домашен притвор, во 18 часот и 30 минути во Бирото за јавна безбедност е примена наредбата и е веднаш  постапено. Ред е да ги видиме деталите и доколку видиме дека има било каков пропуст, било што што не е дозволиво, оговорност ќе побарам  и јавно“, изјави Заев.

„Не очекувајте од мене да давам јавен коментар или да правам јавна истрага пред микрофоните и пред камерите, јас уште еднаш потенцирам најодговорно и најстрого кон сите институции, затоа што ќе очекувам одговорност за овој случај таму каде што затаил спроведувањето на самиот закон. Деталите веќе ги знае јавноста, а знае дека изречено решение од суд за домашен притвор некаде 18 / 18 и 30, МВР веднаш постапило и лицето не е затечено во домот, или на двете локации каде што е барано. Очекувам да се пронајде лицето и да се спроведе судското решение т.е Мијалков да биде спроведен во домашен притвор како што очекува целиот наш народ“, потенцираше премиерот.

Тој тврди дека зад бегството на Мијалков нема политички договор и најавува апсолутно владеење на правото.

„Апсолутно нема политички договор , јас сум среќен што прво како извршната власт сме обезбедиле услови во време после режимот е оганизиран праван процес кој е финиширан и тој правен процес како што е најавено оваа седмица да финишира, тоа го очекуваат граѓаните. И веќе е најавена казна , најверојатно за јавните седници кои што се отворени јавно презентирани доказите и најверојатно тоа е причината зошто не можело да биде пронајдено лицето Сашо Мијалков дома, тоа што е спроведено од извршната власт е спроведено јасно, апсолутно до крај владеење на правото без разлика за кој , без разлика во каков момент, власт или опозиција“, вели Заев.

Заев очекува негово лоцирање и пронаоѓање за да може да биде исправен пред соопштувањето на пресудата и доколку биде осуден секако да си ја лежи казната, второ вели Заев очекувам детали, што се случило, каде бил, како било спроведено решението, зошто не е пронајдено лицето и секако согласно тоа најавувам одговорност.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.