ММС

Објавено на: 02/22/21 11:18 AM

Во Италија повторно тешка ситуација: Се’ повеќе заразени со британскиот сој на коронавирусот

Поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот, а особено порастот на инфицирани со британскиот сој на вирусот, Министерството за здравство на Италија ја разгледува можноста за продолжување на рестриктивните мерки, но и донесување на нови. Од 17 илјади хоспитализирани граѓани со коронавирус, речиси 50 проценти се заразени со британскиот сој, што е за 40 проценти повеќе за разлика од пред десетина дена.

Министерот за здравство, Роберто Сперанца инсистира да се заострат рестриктивните мерки со цел да се спречи ширењето на заразата. Се очекува тој да предложи мерката за забрана на сообраќај меѓу регионите, која истекнува за три дена, да ја продолжи на уште 30 дена.

Заразата се шири бргу, а тоа го зголемува притисокот врз болничките капацитети – изјави директорот на Здружението за инфективни болести, Масимо Андреони.

Тој очекува да се зголеми бројот на новозаразени идниот месец, но предупреди и дека меѓу заразените има се повеќе млади, кои се погодени од мутациите на вирусот.

Според него, повторно треба да се разгледа одлуката за затворање на училиштата, односно да се почне со  онлајн настава – пренесуваат италијанските медиуми.

 

Извор:  espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.