ММС

Објавено на: 02/22/21 9:50 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата е урнисана, нема кој не им избега

СДСМ може да испрати 100 соопштенија дека се’ е под контрола и дека во коалицијата им цветаат рози, но тоа нема да го покрие срамот дека владата е неспособна и криминална.

Нема поле на кое не губи Македонија.

Меѓународно ја понижија државата. Од идентитет бетон стасавме до неможност да се изјасниме како Македонци.

Србија и Албанија имаат 4 милијарди инвестиции, а нас ни бегаат.

Правдата е урнисана, нема кој не им избега.

Земјоделието е на колена. Народот едвај преживува.

Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. 55.000 го загубија своето работно место, а 6200 фирми затворија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.