ММС

Објавено на: 02/22/21 9:27 AM

ФФА: Предупредување за авионите „боинг 777“

Американската федерална админситрација за воздушен сообраќај (ФФА) издаде предупредување за авионите „боинг 777“.

До тој потег дојде по откажувањето на еден мотор  на авионот на компанијата „Јунајтед“ над Денвер Колорадо.

Во извештајот на „Ројтерс“ се наведува дека началнукот на ФФА Стив Диксон соопштил дека директивата се однесува на авионите опремени со мотори „Прат Витни ПВ 4000“ и најави дека по инспекцијата некои авиони ќе бидат повлечени од употреба, пренесува Б92.

Вчера „боинг 777“ на американската авиокомпанија Јунајтед Ерлајнс, кој летал за Хонолулу, морал да следа кратко по полетувањето од аеродромот во Денвер поради дефект на моторот.

Деловите на моторот, според извештајот на полицијата, паѓале на подрачјето на Брамфилд во Колорадо, а  практично распаднатиот мотор на авионот гори во текот на летот. Авионот успешно слетал на аеродромот и немало повредени меѓу 241 патник во авионот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.