ММС

Објавено на: 02/22/21 9:01 AM

Осум месеци затвор за бездомник кој украл „вегета“

Загрепскиот бездомник Ненад Љ. ќе помине осум месеци зад решетки поради кражба на „вегета“ (се’ уште попларниот зачин на просторите на некогашна СФРЈ) и сувомесни произоди од маркет. Така одлучил Жупанискиот суд во Бјеловар по жалбата на пресудата во првостепениот суд во Општинскиот суд во Загреб, прнесуваат хрватски медиуми.

На бездомникот му е забрането приближување до маркети на друштвото СПАР на подрачјето на Загреб и Загрепската жупанија во рок од една година и осум месеци.

Иако адвокатката на осудениот маж барала затворската казна да му се замени со условна и со општокорисна работа, судот не прифатил. Како што велат од судот, олеснителна околност на бездомникот му било тоа што го признал злосторството и ја вратил „вегетата“ на сопственикот, но поради негови казни за слични дела и во минаото, сметаат дека осуммесечната затворска казна за него е соодветна, објавува „Индех.хр“,


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.