ММС

Објавено на: 02/22/21 7:26 AM

Пратениците на ЛДП ќе делуваат самостојно во Собранието, но и натаму ќе ја поддржуваат Владата

Либерално-демократската партија донесе одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Оваа одлука била донесена на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но се’ уште не е реализирана од објективни причини, соопшти ЛДП.

– Како партија, донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, се вели во соопштението од Либерално-демократската партија.

Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.