ММС

Објавено на: 02/21/21 11:34 PM

Сашо Мијалков од вечерва во куќен притвор, но не може да го најдат

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од  свои доброупатени извори.

Досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.

Но, како што понатаму информира Фокус, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно, па  полицијата го барала и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син.

Алсат, пак, информира дека МВР издала потерница за Мијалков и дека телеграмата е испратена до сите гранични премини.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.