ММС

Објавено на: 02/21/21 10:02 PM

Трагедија во Хрватска: Почина легендарниот ракометар Златко Сарачевиќ

Голема трагедија го погоди хрватскиот и европскиот ракомет. Легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ (59) почина во болницата во Копривница откако му се слошило после победата на Подравка над Локомотива.

Додека неговите ракометарки ја славеле победа, нивниот тренер Сарачевиќ почувствувал слабост. Тој после натпреварот ја превезувал дома тренерот на голманкире, Барбара Станчин. Додека стоеле на семафор, на Златко му се слошило и Барбара веднаш повикала брза помош.

Лекарите во брзата помош од болницата во Копривница го реанимирале цели 40 минути, но за жал, можеле само да прогласат  смрт.

Пред да биде пренесен во болница, Сарачевиќ бил пресреќен од победата на својата екипа која дошла на чекор до титулата.

„Им честитам на девојките што го издржаа сето ова. Беше најважно да ги смирам девојките затоа што беа во тешка ситуација после поразите во Лигата на шампионите. На крајот одлучи нашата ширина и квалитетот кој се уште го имаме“, рекол Сарачевиќ, а тоа за жал, му била и последната изјава.

Сарачевиќ на клупата на Подравка стигна во 2018 година, а претходно го водеше Загреб и беше асистент во хрватската репрезентација. Тој беше член на тимот на Хрватска кој во 1996 година во Атланта сензационално го освои олимпиското злато.

Со Југославија освои бронза на ЛОИ во Сеул и светско злато во Швајцарија во 1986 година. Со Хрвстска освои и сребро од Светското првенство на Исланд в о 1995 година.

 

Извор: 24sata.hr

фото: vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.