ММС

Објавено на: 02/21/21 8:20 PM

Фајзеровата вакцина ги спречува асимптоматските случаи да го шират вирусот, тврди Израел

Израелското министерство за здравство соопшти вчера дека примената на две дози од вакцината Фајзер/Бионтек е ефикасна 95,8 отсто против коронавирусот, а објавени се и податоци од студија која покажва дека оваа вакцина во 89,4% од случаите ги спречува асимптоматските лица да го шират Ковид-19.

Израел на 19 декември почна голема кампања на вакцинирање, една од најбрзите во светот во договор со Фајзер кој му овозможи брзо да добие милионски дози.

Досега 4,25 милиони од девет милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, покажуваат податоците на министерството за здравство, меѓу нив 2,88 милиони луѓе ја добиле и втората доза.

Според министерството, се покажало дека две недели после примањето на втората доза, таа е ефикасна до 91,9 отсто во сузбивање на заразата, до 96,4 отсто во спречување на тешки облици на болеста и 94,5 отсто во спречување на смрт.

„Наша цел е да се продолжи со вакцинирање на цело население постаро од 16 години што ќе ни овозможи враќање на навиките кои ни недостасуваат“, соопшти генералниот директор на министерството, Хези Леви.

Блумберг објави копија од се уште необјавена публикација во која се тврди дека фазјеровата вакцина ги спречува асимптоматските случаи во понатамошно ширење на вирусот, но од Фајзер и Бионтек велат дека се уште работат на анализите од израелските податоци.

извор: Jutarnji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.