ММС

Објавено на: 02/21/21 4:05 PM

Османи во Дубаи: Продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес во Дубаи оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и главен управен директор на „ЕКСПО 2020 Дубаи“.

Како што соопшти МНР, централна тема на средбата е учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи“, при што беше посетен и Павилјонот на замјава на самеот, кој е во финална фаза. Во рамките на разговорот Османи упати благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата Ковид-19, што беше доделена на нашето Министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.

На првиот ден од посетата, Османи имаше средба и со министерот за  надворешна трговија, Тани Ахмед Ал Зејуди, со кого разговараше за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена.

Во рамките на дводневната посета на ОАЕ, утре Османи во Абу Даби, ќе се сретне со неговиот хомолог, Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, со Министерот за толеранција и соживот, Шеик Нахјан Мубарак Ал Нахјан,  со Државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег како и со извршниот директор на “Hedayah International Center” за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам, Ахмед Ал Касими.

 

фото: МНР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.