ММС

Објавено на: 02/21/21 3:21 PM

Македонија ја победи Италија и се избори за шанса за учество на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Италија со 87:78 со голем пресврт во второто полувреме и си ги врати шансите за пласман на Евробаскетот.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров покажаа неверојатен карактер и во второто полувреме надоместија негатива од 16 поени и победија за прв пат во квалификациите.

Андреј Магдевски се разигра и со вкупно 20 поени ја предводеше Македонија до пресврт во третата четвртина која ја добивме со 26:13.

Последните десет минути ги почнавме со серија од 12:0 и стигнавме до највисоко водство од 73:65, што беше доволно до крајот рутински да се приврши мечот.

Утре во директен дуел против Естонија од 15 часот ќе се бориме за нов настап на едно Европско првенство, но под еден услов, Русија да ја совлада Естонија во натпреварот кој следува од 16 часот денес во Арената „Молот„ во Перм.

фото: КФСМ

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.