ММС

Објавено на: 02/21/21 3:05 PM

Нови 254 ковид случаи, починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 111, Прилеп – 29, Кавадарци – 20, Охрид – 13, Неготино – 10, Битола – 9, Гостивар – 7, Куманово и Велес – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4, Кочани, Делчево и Виница – по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци – по 1.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

 

Скопје 43342, активни 2973

Куманово 5451, активни 213

Тетово 5343, активни 234

Прилеп 5111, активни 483

Гостивар 3730, активни 122

Штип 3606, активни 98

Битола 3366, активни 140

Велес 3355, активни 227

Охрид 3131, активни 402

Кавадарци 3110, активни 486

Струмица 2661, активни 159

Струга 2355, активни 176

Кочани 1785, активни 48

Кичево 1758, активни 61

Гевгелија 1129, активни 134

Неготино 1112, активни 132

Свети Николе 1100, активни 24

Ресен 795, активни 68

Дебар 788, активни 43

Крива Паланка 785, активни 53

Радовиш 743, активни 40

Делчево 723, активни 233

Берово 634, активни 32

Пробиштип 530, активни 23

Виница 511, активни 22

Валандово 351, активни 23

Кратово 266, активни 33

Демир Хисар 258, активни 13

Крушево 253, активни 48

Македонски Брод 251, активни 7

Богданци 246, активни 22

Демир Капија 234, активни 33

Македонска Каменица 193, активни 5

Пехчево 184, активни 3

Дојран 95, активни 9

Вкупно 99285, активни 6822


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.